Левица најави масовен народен отпор против уставните измени

Од:

Партијата Левица со соопштение најави секојдневни радикални политички акции низ целата земја, за, како што велат, враќање на киднапираниот суверенинтет на народот.

„Тоа што некни се случи во Собранието на Република Македонија е само драмски чин на претставата каде тиранијата на политичките елити уште еднаш се маскираше во „демократија“! Поединците од двете криминални политички здруженија на СДСМ и ДПМНЕ, кои денеска се наоѓаат во македонското Собрание, како божемни народни претставници, после неуспешниот Референдум за „Северна Македонија“, веќе не се легитимни да одлучуваатза промена на уставното име на Републиката спротивно на народната волја.

Политичката корупција не може да произведе правовалидни одлуки кои ќе го обрзуваат народот! Корумпираните пратеници, заради своите криминални досиеја, се подложни на уцени и поткуп и што дополнително ја саботира нивната политичка способност да можат независно и, во согласност со волјата на народот, да носат легитимни одлуки во Собраниетона РМ. Македонија е заробена држававо нивниот пеколен круг, а заткулисните антидемократски игри на двете политички орди му служат на еден ист господар – капиталот и парите.

Тие глумат спротивставеност, но кога доаѓа време за спроведување на вазалните одлукина нивните империјални господари, што народот изрично ги одбил, овие структури – преку заемна заштита и зад затворени врати – ја кројат судбината на народот, по теркот на окупаторот.

Затоа, веќе немаат смисла никакви повикувања на владеење на правото и утврдените стандарди и процедури, оти оваа одметната владејачка гарнитура ги има впрегнато сите власти под своја контрола и со политичките противници се справува користејќи го апаратот на државната принуда и репресија.

Поради ова, повикуваме на масовен граѓански Отпорпротив сите инволвирани во оваа уставно – политичка криза и нејзино идно надминување преку ултимативно исполнување на следниве барања:

● Безусловно суспендирање на противуставната и илегална владина иницијатива за промена на Уставот на РМ и поништување на отфрлениот т.н. „Преспански договор“;

● Итно распуштање на парламентоти закажување на предвремени парламентарни избори;

● Формирање преодна техничка влада со ограничен мандат единствено за спроведување фер и демократски избори.

Политичката партија Левица најавува дека во иднина се враќа на улиците и ќе ги искористи сите парламентарни и вонпарламентарни начини на политичка борба, со цел враќање на киднапираниот суверенитет на народот! Обзнануваме дека во секоја наредна фаза на гласањето на контроверзните уставни промени ќе бидат организирани масовни антивладини простести под мотото #НароднаСамоодбрана, пред законодавниот дом, во кој седат гробарите на АСНОМска Македонија!

Секојдневни радикални политички акции, во координација со сите засегнати политички чинители кои се против промена на уставното име, ќе бидат систематски преземани низ територијата на целата Република.

Ги повикуваме сите прогресивни силида ни се приклучат кон движењето, сè до конечната победа.

Кога неправдата станува закон, Отпорот е наша должност“ се вели во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица