Левица: Минирањето и тешката градежна механизација закана за уништување на археолошките локалитети

Од:

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ деновиве започнаа со минирање во месноста „Црн Камен“ (с. Алинци, прилепско) каде се наоѓа познатото наоѓалиште со раритетно минерално богатство од светски ранг и неолитскиот археолошки локалитет Каракамен. Локалитетот се наоѓа околу 1 км северозападно од село Шелеверци. Минирањето и тешката градежна механизација се закана за уништување на локалитетите. Секторот Култура на Левица апелира до надлежните веднаш да се престане со градежни активности, со цел да се зачува природноно и културното наследство на Македонија, се вели во соопштението на Левица.

„Иако предлогот за дополнување на Законот за заштита на културното наследство беше повлечен од Собранието, и понатака продолжува сагата на бескрупулозното уништување на културното и природното наследство на Македонија. Владата преку своите нефункционални Министерства и институции повторно без свест за културните вредности на државата, го занемарува и уништува наместо да се грижи за заштитата на културното и природното наследство.

Планираниот Коридорот 10 д (Делница на автопатот Прилеп – Битола) е еден од побогатите региони со културно и природно наследство во земјава. Пелагонија е позната по својата уникатна неолитска култура чии артефакти се ретки. Во околината на Прилеп и Битола се наоѓаат голем број на археолошки локалитети. Културните слоеви во нив датираат од неолитот па сè до средниот век. Овие локалитети изобилуваат со богато културно наследство од различен карактер и често се подложни на уништување. Поради тоа потребна е постојана заштита на археолошките локалитети.

Ги прашуваме надлежните Министерства и органи зошто нема археолошки надзор на изградбата на Коридор 8 и Коридор 10, од надлежните институции, согласно Законот за заштита на културно наследство. Археолошкиот надзор треба да се одвива во континуитет сè до завршување на градежните активности за пробивање на трасата на двата коридори. Но, археолошкиот надзор би ги сопрел градежните активности и би ја успорил нивната работа, на неопределено време, односно сè додека археолозите не го истражат локалитетот кој е во опасност. Ваквата ситуација не би им одговарала на американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка, а најверојатно и на Владата“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: Пристапот до дом е врзан со долг – наместо дом за секого, Владата создава профит за малкумина

Левица: Ревизија на ЦСР, деца со попреченост заглавени во бирократија, милиони исплаќани без основ

Левица: Додека Алиу брои „продуктивност“ пациентите во Струга се оставени на милост и немилост – хирурзите излегоа на протест

Горан Наумовски

Левица: Премиерот Мицкоски аплаудира додека државните домови пропаѓаат, а приватниот бизнис профитира

Горан Наумовски

Левица: Директорот Апостоловски трета година по ред им ветува аква парк на скопјани

Левица: Со пари од граѓаните РКЕ го полни со кеш контото на ЕВН