Левица: Мицкоски го фати амнезија за ветените 250 евра за секој студент за електронски уреди

Од:

На почетокот од академската 2024/2025 година, премиерот Мицкоски и функционерите од власта најавија дека секој студент ќе добие ваучер од 250 евра за набавка на електронски уреди, наводно како дел од стратегијата за задржување на младите во државата. Ова ветување беше промовирано со голема медиумска кампања и претставено како значаен поттик за студентската популација. После донесувањето на Буџетот за 2025 година во декември и наводното вклучување на оваа мерка во фискалната проекција – надлежните кои ветуваа и најавуваа, сега молчат. Ниту постои јасна процедура, ниту повик, ниту објаснување за кога и како ќе бидат исплатени средствата, велат од Левица.

„Најавата дојде на почетокот од академската година, проследена со изјави за „стратешка грижа“, за „иднината на државата“. Но, со завршетокот на истата таа академска година – студентите не добија ништо. Ни уред, ни ваучер, ни објаснување. Празните ветувања се веќе виден шаблон. И предходната власт на СДСМ се сети на младите само кога ѕвонеше изборна кампања. Преку слични мерки, се обидоа да спроведат „легален поткуп“, верувајќи дека неколку илјади денари можат да купат политичка лојалност од младите.

Очигледно, ДПМНЕ оди по истата патека – ветува предвреме, тактизира до избори, а потоа заборава. Прашањето е: Дали овие 250 евра беа реално планирана мерка или само уште еден изборен адут чуван во фиока за поткуп во септември пред локалните избори? Она кое властите никако не можат да го разберат е дека младите не се наивни. Имаат меморија подолга од еден изборен циклус. Знаат што значи системска грижа, а што ефтин маркетинг. Левица, сметајќи дека младите не смеат да останат без одговори, бара: Транспарентен извештај за судбината на ветените ваучери; Прецизен рок за нивна реализација (ако навистина постојат); Јавно извинување за манипулативниот однос кон студентите“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби

Мицкоски: Грешките од минатото се тешки како планини, но Македонија денес е држава за почит

Горан Наумовски

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со други форми на договорен ангажман

(ВИДЕО) Филипче: Во буџетот недостигаат 900 милиони евра – Мицкоски прави ребаланс за пополнување дупки

Горан Наумовски

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден