Левица: ​​Лимани го затвори единствениот Центар за деца од улица во Шуто Оризари

Од:

Дневниот центар во Шуто Оризари, кој веќе 19 години згрижува деца од улица, е пред затворање откако министерството предводено од Фатмир Лимани скандалозно им ја прекина финансиската помош! Овој дневен центар згрижува речиси 100 деца, кои таму го добиваат единствениот оброк во денот. Ваквиот скандалозен чекор на Лимани значи дека сите овие деца ќе се вратат на улица и ќе продолжат да питачат, затоа што власта единствено се грижи да ја укине финансиската помош за Центарот, без да понуди било каква алтернатива за нивно згрижување, велат од Левица.

„Улогата на овие дневни центри е децата наместо да бидат на улица, да бидат згрижени и да добиваат дополнителна едукација, топол оброк, облека, социјална активности и сл. Во Македонија постојат само два вакви дневни центри (што е недоволен број) и истите без финансиска помош од државата не можат да опстојат.

Кратењето на финансиски средства од најризичните категории Левица го оценува како скандалозен и нехуман потег од страна на коалициониот партнер на Мицкоски. Наместо да се зголеми финансиската поддршка за социјално загрозените, јавноста сведочи како десничарската влада крати средства токму од оваа категорија лица!

Додека сведочиме како милиони евра се враќаат од буџетот на најбогатите газди, власта нема пари за најзагрозените деца. Го повикуваме јавно министерот Лимани да се откаже од деструктивните намери за затворање на дневниот центар во Шуто Оризари – а, доколку не е способен да ги менаџира социјалните процеси, веднаш да си поднесе неотповиклива оставка“, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мустафаоглу: Градот брои само прелетани хектари, не го интересира ни со што, ни дали ефективно и воопшто се прска против комарци

Горан Наумовски

Левица: 14 жртви, нула одговорност – пресудата за модуларната болница ја потврди играта на ДПМНЕ и СДСМ

Горан Наумовски

Левица: Јаневска тврди дека го покачила студентскиот оброк, а студентите и натаму добиваат 140 денари

Левица: Милиони за прскање без доказ дека делува – исти фирми и средства

Катерина Ѓуровски

Левица: Јаневска избра дрско да лаже или не знае ни колкав износ за студентски оброк исплаќа нејзиното министерство

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски