Левица: Лицемерието на ДПМНЕ, Kашмир Салиу од „алчен кариерист” до заменик директор

Од:

Минатата недела, власта го именуваше Кашмир Салиу за заменик на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), со што уште еднаш се разоткри дволичноста и недоследноста на ДПМНЕ во нивното политичко дејствување. Ова именување ја разоткри хипокризија на кадровската политика на владата, каде повторно се појавуваат истите истрошени кадри кои го поддржуваа режимот на Заев, велат од Левица.

„Да се потсетиме дека партијата на Мицкоски во 2017 година на прес-конференција од нивната советничка група во Гостивар, јавно го оцрнуваше токму Кашмир Салиу како „непожелна личност“! Тогаш ДПМНЕ го обвинуваше сегашниот заменик-директор Салиу дека манипулира со јавноста и дека „сè што постигнал во животот, го има постигнато преку коалицирање“. Партијата обвинуваше дека тој и неговото семејство уживаат во „квалитетни вработувања“ токму поради нивното политичко коалицирање, нарекувајќи го Салиу „алчен кариерист“ кој манипулира со бројки и вистини за лични интереси.

Истиот човек, кој претходно беше обележан како неприфатлив и некомпетентен, сега станува клучен фактор во една од важните државни институции. Со оглед на катастрофалната состојба во која се наоѓа ДЗС и огромните штети од пожарите поради неспособноста на оваа институција, ваквото кадровско решение само ќе ги продолжи штетните политики врз грбот на општата безбедност на народот. Ова е јасна порака дека Мицкоски не води политика заснована на принципи и вредности, туку на моментални интереси и партиски калкулации. Ваквата промена во ставовите на ДПМНЕ ја отсликува нивната вистинска природа: дека за нив не постојат трајни приоритети и принципи, туку само потреба за политички маневри и поддршка кога е во прашање теснопартискиот интерес“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката