Левица: Кога беше градоначалничка Халими му дала службено возило на малолетник

Од:

Скандалозниот избор на поранешната градоначалничка на Арачиново од редовите на СДС – Миликије Халими, ја потврди партизацијата и заробеноста на државата, која Македонија ја претворија во хибриден режим. Оваа вечна функционерка на СДС, со средно медицинско образование, ќе раководи со двата меѓународни аеродроми (во оној дел кој не е под концесија на ТАВ), како и со спортските аеродроми, се вели во писменото соопштение на Левица.

– За непрофесионалното работење на Халими говори податокот до кој дојде Левица, според кој Халими била правосилно осудена додека била градоначалник на општина Арачиново. Имено, во 2019 година, Судот пресудил дека општина Арачиново преку Миликије Халими, со пропуштање на должен надзор му дозволиле на возачот, кој е малолетно лице, да управува со нивното возило без да се стекне со право на управување на моторно возило – факти според кои се утврдува постоењето на прекршочната одговорност! Ова го потврдува непрофесионалното работење на партиските кадри на Заев, кои продолжуваат да ги уништуваат државните институции и под владеењето на Ковачевски. Како Халими ќе раководи со стратешки ресор, како што се аеродромите, кога веќе на суд е докажано нејзиното недомаќинско работење во општина Арачиново. Бараме Владата да ги надмине своите тесно партиски интереси и итно да ја разреши Миликије Халими од позицијата генерален директор на АД „Аеродроми”, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари

А1он

Левица: Работниците во ЈП „Национални шуми“ спротивно на закон се принудени да прифатат цепаници наместо К-15

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски

Левица: Орце и ДПМНЕ повторно ги оставија жртвите на семејно насилство на цедило – не ги обезбедија ветените субвенции за кирии

Горан Наумовски