Левица: Кадарот на ЛДП, Валентин Груевски го доведе во пропаст „Македонски шуми“

Од:

Состојбата во јавното претпријатие „Македонски шуми” е доведена на алармантно ниво на Македонија, каде работниците се заканија со генерален штрајк, доколку не се исполнат нивните барања. Директорот од ЛДП, Валентин Груевски наместо ова профитабилно претпријатие да го доведе до рентабилно работење, Груевски со предизборни партиски вработувања продолжува да ги задолжува „Македонски шуми”.Очигледно граѓаните плаќаат за метар кубен дрва и до 4.000 денари, за Груевски да го пренатрупува претпријатието со партиски неподобен кадар, а за постоечките работници нема да исплати ни придонеси, велат од Левица.

– Јасно е дека коалицијата на СДС тоне во корупција и криминал и затоа ваквите неспособни кадри никој не ги разрешува, туку добиваат поддршка од власта. Токму ваквите таканаречени мали партии, кои се дел од секоја власт, а никогаш не излегле сами на избори, го руинираат македонското општество. Затоа Левица е единствена партија која е против предизборни коалицирања, со цел ваквите паразитски партии, чија единствена политичка сила се партиските вработувања – да исчезнат од политичката сцена.

Иронијата да биде поголема е што токму со насилничкиот Преспански договор, ова јавно претпријатие се преименува од „Македонски шуми” во „Национални шуми”. Со ова, квинслишката власт на СДС и ДУИ единствено што постигна е бришење на македонскиот идентитет, додека и со новото име, претпријатието тоне во долгови и корупција. Левица го повикува ОЈО да влезе во просториите на „Македонски шуми” со цел да го истражи расипничкото работење на директорот Валентин Груевски, кој додека ги поскапува услугите, очигледно нема пари да ги исплати платите на работниците – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Крмов: Сточарите го даваат млекото без цена, а Владата замижува пред неконтролираниот увоз

Левица: СДСМ ќе останат запаметени дека поради таен договор со Мицкоски не дозволија опозициско обединување за една изборна единица

За премиерот пресудата за „Талир„ е задоволување на правдата, опозицијата жестоко реагира

Катерина Ѓуровски

Левица: Мицкоски го допре дното – наместо аргументиран и приземен одговор, со лични навреди и вмешување на семејството го нападна Мециновиќ

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ ги одби амандманите за заштита на жртвите на сексуално и семејно насилство

ВИДЕО: Левица и СДСМ удрија по Тошковски откако МВР распиша меѓународна потерница за Цуната која и избега на полицијата низ прозорец во Кочани