Левица: Итно разрешување на Шаќири и Хасипи

Од:

Неодамна, Бирото за развој на образование (БРО) на својата веб страна објави насоки за реализација на наставата од прво до шесто одделение, по новиот скандалозен концепт, и истите ги достави до училиштата. За работите да бидат дополнително усложнети, насоките од БРО се судираат и косат со важечките законски прописи од Законот за основно образование и Законот за учебници. Насока која се коси со важечките законски прописи е минималниот пропишан неделен фонд на часови кај модуларните наставни предмети (15 односно 16 часа)! Само за споредба, согласно важечките законски прописи, минималниот пропишан неделен фонд на часови изнесува 20 наставни часа, се вели во соопштението од Левица.

– За најголем дел од новите наставни предмети речиси не постои соодветно квалификуван кадар. Учебниците, според споменатите насоки, се прогласени за незадолжителни, што е во спротивност на важечкиот Закон за учебници! Убедливо најлошиот министер од ДУИ, Јетон Шаќири, во неодамнешно интервју убедуваше дека ќе има учебници на 1 септември и тоа во иста реченица со изјава дека дел учебници само што ја поминале рецензентската комисија, а дел уште немаат поминато рецензентската комисија! Најмногу загрижува тоа што МОН молчи, односно не се произнесува, а до училиштата ниту нема доставено каков било официјален документ, додека Бирото за развој на образование упатува насоки, кои се спротивни на важечките законски одредби. Очигледно е дека по жестоката реакција на јавноста во врска со Концепција за образование, истата се турка на мала врата. За катастрофалната состојба во која се наоѓа државното образование, Левица бара разрешување на министерот Јетон Шаќири и на директорот на БРО – Зекирија Хасапи! – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

Левица со поддршка за струмичките земјоделци

Горан Наумовски

Левица: 25 години Карпалак – 25 години без правда за бранителите

Левица: 50 хектари плодна земја чекаат фабрики што никогаш не дојдоа

Левица: Владата ветуваше олеснување, Македонија остана на американската визна листа