Левица: Граѓаните да не подлегнуваат на националистичката реторика од страна на неодговорните политичари

Од:

„Борбата против национализмот е суштинска вредност и заложба на Левица. Затоа, не можеме да останеме неми на говорите на политичарите кои се полни со национализам и запалива реторика. Ваквите говори ја одразуваат нивната намера да ги игнорираат суштинските проблеми на обичниот човек и да создадат привид дека се големите патриоти и заштитници на нацијата, за која се колнат дека ја застапуваат. За жал, ваквата реторика долго време им носи политички поени на политичарите, кои со создавањето на националистички магли го одржуваат трендот на осиромашување на мнозинството и ненормалното богатење на малкумина граѓани.

Предупредуваме: националистичката и запалива реторика најчесто добива на интензитет како наближува терминот за избори. Па така, пред изборите кои следат во земјите од нашето опкружување, веројатно ќе има зачестени појави на употреба на националистички говори, а тоа ќе се одрази и во нашето општество. Повикуваме на трезвеност и разумност кај граѓаните од различна етничка припадност и да не подлегнуваат на ваквите провидни провокации и замајувања од страна на неодговорните политичари!

Крајно време е да ги испратиме во историјата политичарите кои единствено се одржуваат на политичката сцена ширејќи омраза, исклучивост и сегрегација врз основа на националната припадност. Да создаваме мостови за соработка, заемно почитување и обединување на огромните мнозинства обесправени и осиромашени граѓани за да се избориме против манипулациите од страна на политичките и економските елити, на Балканот и пошироко!

Додека се мразиме, ни ги празнат џебовите!

Народот обединет никогаш нема да биде поразен!“ соопштуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Двапати ја прогласиле водата во Гостивар за безбедна, никој од здравствениот синџир не е разрешен

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

Левица: Вработените оставени без здравствено осигурување – полицајците ги чекаат МВР и ФЗОМ да се договорат кој е виновен

Левица со поддршка за струмичките земјоделци

Горан Наумовски

Левица: 25 години Карпалак – 25 години без правда за бранителите

Левица: 50 хектари плодна земја чекаат фабрики што никогаш не дојдоа