Левица: Град Скопје не смее да биде жртва на ДПМНЕ и нивниот кандидат

Од:

Скопјани повеќе од две години се заложници на меѓусебното инаетење на Арсовска и Мицковски, кои заедно во предизборната кампања ветуваа „Модерно Скопје”. Мицкоски, конечно, призна дека ДПМНЕ ја саботира работата на Град Скопје, велат од Левица.

„По средбата на скопската градоначалничка Арсовска со премиерот Мицкоски, на вчерашната координацијата со координаторите на советничките групи, којашто се одржа во Град Скопје, се насетува извесно затоплување на односите.

Интересно е што после координацијата, премиерот Мицковски изјави дека ги охрабрува советниците од ДПМНЕ во Советот на Град Скопје да ги поддржат програмите на јавните претпријатија, со цел да се стави „ред во хаосот“.

Оттука се наметнува прашањето: Зошто досега советничката група на ДПМНЕ не ги гласаше овие програми (кој издал таква наредба?) и со тоа директно ја саботираше работата на претпријатијата, што ги прави директни учесници во креирањето на хаосот во Скопје?

Град Скопје е во колапс подолго време поради нефункционалноста на јавните претпријатија! Градоначалничката Арсовска на неколку месеци ги менува директорите на претпријатијата, додека, пак, советниците на ДПМНЕ во Советот на Градот не ги гласаат програмите според кои работат јавните претпријатија. Згора на сè е тоа што ДПМНЕ, коешто има мнозинство во управните и надзорните одбори на јавните претпријатија, дополнително ја отежнува работата на претпријатијата.

По повикот на Мицкоски до советниците од неговата партија, не знаеме како ќе гласа советничката група којашто го има мнозинство во Советот на Градот. Останува да видиме дали ќе има доза на вразумување на седницата којашто ќе се одржи следниот четврток, но повеќе од сигурно е дека штетата што ја направија со досегашното саботирање на клучните програми, скопјани ќе ја чувствуваат уште долго“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права

Левица: Додека Хаг осудува за воени злосторства „патриотите“ од ДПМНЕ нека се потсетат кој ги амнестираше „Хашките случаи“ во Македонија

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Министерството за образование повторно ги крие бодовите за студентските домови, реагира Левица

Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица