Левица: Европската Комисија против Законот за медиуми на СДС и ДПМНЕ

Од:

Скандалозното гласање на пратениците од СДС и ДПМНЕ од пред неколку дена, каде заеднички ја усвоија потребата од носење на измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, спротивно на забелешките дадени во експертското мислење, беше нотирано од Европската комисија. И во најновиот Извештај за напредокот на патот кон ЕУ за 2023 година, јасно е наведено дека наместо државни кампањи, на медиумите им се неопходни одржливи решенија за нивна поддршка, се вели во реакцијата на Левица.

Од партијата велат дека „ваквата забелешка од Европската комисија доаѓа по гласањето на пратениците од СДС и ДПМНЕ, кои во шверцерска постапка со европско знаменце, едногласно ги усвоија контроверзните измени за поткуп на медиуми – кои претходно Левица ги блокираше“.

Потсетуваме дека ваквите државни кампањи се спротивни на европските пракси, но ниту власта, ниту лажната опозиција, немаат слух за експертите и новинарските здруженија! Препораките на ЕК од минатата година остануваат актуелни и во претстојната, а извештајот вели дека е неопходна поголема транспарентност во однос на медиумското огласување од државните институции и политичките партии, а предлог-Законот ќе ја поткопа независноста на медиумите. Со вака предложените измени, Владата и општините ќе издвојуваат и по неколку милиони евра годишно за финансирање на кампањи.

Извештајот нагласува и дека одлуката од пратениците за усвојувањето на законските измени дополнително ќе ја засили коруптивната и клиентелистичка култура во медиумскиот систем. Носењето на ваквите измени во скратена постапка е уште една злоупотреба на европското знаме од страна на власта, но, овој пат поддржани и од ДПМНЕ. Наместо овие политички елити да се расфрлаат со познатите флоскули за европски вредности, истите треба да дадат објаснување пред јавноста и медиумската фела како е злоупотребено европското знаме за воведување државно финансирање на медиуми – спротивно на европската регулатива“, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ – Левица разговара со сите опозициски чинители

Предраг Петровиќ

Левица ќе присуствува на трибината на Платформата „12:05“ – со своја позиција во разговорот за следната политичка фаза

Предраг Петровиќ

Крмов: Најавуваме радикализација доколку не се исправи неправдата – почнуваме со иницијатива за укинување на платеното политичко рекламирање

Катерина Ѓуровски

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права