Левица: ЕУ ја демантираше власта – проширувањето не е приоритет

Од:

Стратешкиот форум во Блед резултираше со противречни изјави на ЕУ бирократите по однос на проширувањето на Унијата, што одново ја потврди тезата за целосно отсуство на кохерентна политика по однос на ова прашање. Лидерите на државите членки на ЕУ, не само што споделија скептични ставови по однос на проширувањето, туку повторно го афирмираа ставот дека полноправното членство се исклучува како опција, се вели во партиското соопштение од Левица.

„Стратегијата на актуелната криминална влада, во отсуство на реални реформи и пропаст на клучните сфери – образование, здравство, економија, доуништување на фосилите од груевистичкиот судски систем и целосна институционална нефункционалност – е сведена на исполнување на регресивните великодржавни идеи на политичките фактори во земјава и соседството. На обичниот човек, многупати излажан од стратешките партнери, одамна му е јасно дека фарсата за ЕУ интеграции води во ќор сокак! Народот е свесен дека членството без внатрешни реформи, нема во ниту еден случај да го подобри неговиот животен стандард и знае дека криминалната клика на власт нема капацитети за прогресивен исчекор.

Ниту една манипулација повеќе не може ја прикрие неуспешната интеграциска политика, конструирана од домашните квислинзи и странските неконсолидирани бирократи. Ова доведе до драстичен пад на поддршката на политиката на ЕУ! Македонија не може и не смее да дозволи да губи нови генерации на млади луѓе, бесцелно чекајќи пред портите на Брисел. Актуелните геополитички околности нудат бројни алтернативи кои можат да помогнат во развојот на државата и заштитата на виталните национални интереси. Време е македонската политичка елита да почне да размислува за утврдување на поинакви стратешки приоритети на Македонија, кои ќе овозможат излегување од евро-атланскиот ќор сокак, каде под флоскулата безалтернативност, безпросперитетно заглавивме повеќе од триесет години“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари

А1он

Левица: Работниците во ЈП „Национални шуми“ спротивно на закон се принудени да прифатат цепаници наместо К-15

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски

Левица: Орце и ДПМНЕ повторно ги оставија жртвите на семејно насилство на цедило – не ги обезбедија ветените субвенции за кирии

Горан Наумовски