Левица: Етничките вработувања не престануваат – ДУИ ја приватизира царина

Од:

Огромиот број на предизборни огласи за вработувања во државните институции продолжува. Криминогеното владеачко дуо на СДС-ДУИ ги партизира сите пори на државниот апарат преку вработувања на партиски послушници во институции од секаков тип: Министерства, општини, фондови, управи, јавни претпријатија, државни инспекторати, јавни здравствени установи, казнено поправни домови, основни училишта, градинки за да пробаат да го ублажат поразот на следните избори велат од Левица.

– Се разбира согласно нелегалниот Рамковен договор овие вработувања не се водат по објективен мерит систем туку под етнички клуч, односно ДУИ како пар екселанс пример за картел партија ја користи позицијата на уценување за укотвување на своите партиски кадри, согласно тоа дури 40% огласи се за граѓани од Албанска припадност. Типичен пример за оваа рамковна тиранија е ситуацијата во Царинската управа каде што има нови 15 огласи за вработувања од кои 13 места се „чуваат“за граѓани од Албанското малцинство, едно место за турското малцинство и едно место за ромското малцинство, со што, практично ДУИ ја приватизира Царинската управа. Ја потсетуваме јавноста дека Левица се залага за поништување на Охридскиот Рамковен договор и вработувања под етнички клуч како извор на меѓуетничка омраза во Републиката, каде што не се вработува лице согласно неговите квалификации туку по етнички клуч што воедно претставува и навреда за вработените кои се вработени на овој начин – не според заслугите туку според етничноста, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: Пристапот до дом е врзан со долг – наместо дом за секого, Владата создава профит за малкумина

Левица: Ревизија на ЦСР, деца со попреченост заглавени во бирократија, милиони исплаќани без основ

Левица: Додека Алиу брои „продуктивност“ пациентите во Струга се оставени на милост и немилост – хирурзите излегоа на протест

Горан Наумовски

Левица: Премиерот Мицкоски аплаудира додека државните домови пропаѓаат, а приватниот бизнис профитира

Горан Наумовски

Левица: Директорот Апостоловски трета година по ред им ветува аква парк на скопјани

Левица: Со пари од граѓаните РКЕ го полни со кеш контото на ЕВН