Левица: ДПМНЕ е продолжена рака на СДСМ – последиците од договорот со ,,Бехтел и Енка” врз грбот на граѓаните

Од:

ДПМНЕ е продолжена рака на политиката на СДС по однос на „Бехтел и Енка”! Двете партии заеднички работат на реализација на скандалозниот, коруптивен и неисплатлив проект каде единствените црвени линии се интересите на странскиот фактор и неговиот капитал, велат од Левица.

„Гласачите и по ова прашање беа излажани од ДПМНЕ, па така наместо на раскинување, Владата работи на удоволување на барањата на американско-турскиот конзорциум. Левица претходно предупреди дека на проектот на „Бехтел и Енка“ власта ќе раскрчмува по два отсто од БДП во следните пет години! Политиките донесени на сила од претходната Влада, едноставно, се спроведуваат на сила од актуелната. Излевањето на народните пари во странски конзорциуми не е далеку од единствената штета.

Потсетуваме дека соработката со ,,Бехтел и Енка” е проследена со грандиозни скандали од првиот ден. За да им се удоволи на нивните барања беа променети дури девет закони. Целосно беше избегната јавната набавка и проектот се спроведува без тендер, а како личен договор. Се погази цивилизациското право на работниците за 40 – часовна работна недела, а веќе се исплатени и милионски суми, така што наместо резултат, добивме штета: прво – буџетска, а сега и директно врз граѓаните.

Досега, речиси, секоја активност на Конзорциумот беше проследена со протести и блокади од граѓаните. Нивната работа оштети археолошки локалитети. Поради минирање настрадаа многу домови и религиски објекти, а под огромна опасност се изворите на вода за пиење и наводнување, коишто се од витално значење за Прилеп и околните села.

Потсетуваме дека при носењето на законите по барање на ,,Бехтел и Енка”, Левица поднесе над 6500 амандмани за да ги спречи истите. Владата на ДПМНЕ и ЗНАМ наместо да го прекине овој погубен и криминален процес преполн со скандали, се впушти во негова дореализација. Новата Влада како пречка во наредна фаза од реализацијата ја гледа експропријацијата на имотите на граѓаните.

Потсетуваме дека со законските измени се овозможи повеќе да не биде задолжително чекањето правосилност на одлуката за експропријација, туку може да располагаат со имотот штом одлуката за експропријација стане конечна. Тогаш ДПМНЕ обвини дека носењето на овој закон е противуставен и на штета на граѓаните. Од новата Влада бараме да биде доследна на своите политички ставови и изврши законски измени во насоката за која претходно се залагаше. Во спротивно, сè останува груба предизобрна фарса и продолжување на политиката на СДСМ!“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката