Левица: Договорот не гарантира фер и демократски избори и излез од кризата

Од:

По вчерашниот договор меѓу партиите се огласи со свој став Левица.

Еве што стои во соопштението:

Левица со незадоволство гледа на склучениот договор Пржино 2, договор кој не гарантира фер и демократски избори и излез од политичката и економска криза. Склучен е договор кој ги изневери барањата и принципите на протестното движење, на најголемиот дел од сите оние граѓани кои масовно и секојдневно излегуваа на улиците изминатите 3 месеци.

Левица алармираше уште во текот на обновените преговори дека тоа е нетранспарентен процес, преговори зад затворени врати, надвор од очите на јавноста и правото на граѓаните да имаат целосен увид во договорот што им ја крои иднината. Притоа:

1. Не е договорена експертска влада, туку е договорена политичка влада – повторно враќање на минатогодишниот договор од Пржино и дворски игри со бројот на министрите, замениците министри, обемот на нивните ингеренции и слично. Независен арбитар за можеби најзначајните избори во новата историја на РМ – нема да има. Четирите партии само ја одложија арената на нивните борби, повторно чувајќи го народот и протестното движење како адут во рака за ново пазарење.

2. Немаше претставник на граѓаните, на протестното движење и здруженијата на граѓани на преговорите. Ниту во својство на мониторинг. Таков претставник ќе нема ни во органите на власта задолжени непосредно за спроведување на изборите. Одговорноста за евентуалното пропаѓање на договореното и ново продлабочување на кризата, останува врз четирите партии потписнички.

3. Постоењето и легалноста на Специјалното јавно обвинителство остана да виси во воздух, а ни збор за специјалното одделение во Кривичниот суд, со оглед на “Сваровски“ судството и опструкциите кои ги правеше изминатиот период.

4. Се дозволи владата да не’ задолжи со дополнителни 450 милиони евра од еврообврзницата и за тие средства нема гаранции дека нема да се злоупотребат за предизборен поткуп на гласачи.

Би можело да ве интересира

Левица: Наместо нови автобуси во ЈСП, нови автобуси добија приватните превозници

А1он

Левица: Случајот Стоилев ја откри корупцијата во земјоделството преку ИПАРД програмите

А1он

Мециновиќ: Ако се случи победата, ќе биде натпартиска – jа видовме можеби најпрљавата кампања во историјата на Македонија

А1он

Мециновиќ: По првиот круг системот прокрваре – во вториот круг може да го добие конечниот удар, ако ние тоа го преточиме во одлука

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат

Левица: „Прво човек“ звучи празно ако човечноста се глуми, а не се живее