Левица: Директорот на затворот во Прилеп е аболициран бранковист

Од:

На една од минатите седници на Владата, за в.д. директор на КПД Прилеп беше назначен Емил ЈАНЕСКИ, поранешен функционер на СДС, а сегашен член на ЗНАМ – кој во 2008 година бил АБОЛИЦИРАН од страна на тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски. Тој во 2020 година беше директор на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп и против него СВР Битола поднесе КРИВИЧНА пријава за „несовесно работење во службата“ и предизвикување штета врз буџетот од претпријатието во висина од 2.3 милиони денари, велат од Левица.

„ЗНАМ го карактеризираа како човек без дамка во минатото, кој токму како началник во 2007 година насилнички демолираше локал и за овој чин насилникот-повтореник беше осуден, за после година дена, покрај негативното мислење од Министерството за правда, тој да биде аболициран од страна на Бранко Црвенковски.

Левица повторно јавно ја повикува Владата на ДПМНЕ, да не дели директорски функции на кадрите од СДС којашто сама ги нарекуваше криминални – да ги достави документите за нивното криминално работење до Обвинителството и овозможи фер и транспарентна постапка да се докаже дали и за колку е оштетен народниот буџет.

Јасно е дека криминалците на СДС ги наполнија редовите на ЗНАМ, да преку нивното учество во Владата бидат и ослободени од понатамошно процесирање на нивното сомнително минато“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Почина Кирил Слезенковски – советник од Левица во општина Илинден

А1он

Апасиев и Мециновиќ ја посетија кубанската амбасада во Софија, изразија солидарност со народот на Куба

А1он

Левица: Енергетска криза без план – доцнењето со мерките ги чини граѓаните милиони

Горан Наумовски

Левица: Од калкулации до амнезија, Мицкоски го поништи сопствениот став и ноншалантно на граѓаните им ги препушти калкулациите како да се снајдат за преживување

Мојсоска: Скандал со кандидатите за Антикорупциска – „по грешка“ донирала за ДПМНЕ

Горан Наумовски

Левица со Предлог-закон за ограничување на учевството на армијата во странски операции