ЛЕВИЦА: Да се здружиме во име на борбата против неправдата

Од:

„Левица се приклучува на повикот на движењето Протестирам за денешниот протест во 18:00 часот пред Специјалното јавно обвинителство.

Аболицијата на политичарите обвинети за криминални дејствија, влучително и изборни криминали и прислушување, која вчера ја објави лицето Ѓорге Иванов, освен што е противправна, е уште една потврда дека институциите во оваа држава одамна не функционираат.

Во таква ситуација, илузорно е излезот од кризата да се бара во рамки на институциите.
Во таква ситуација, единственото што им преостанува на граѓаните е да излезат на улица и таму да се изборат за правда.

Затоа, ги повикуваме сите наши членови, симпатизери, другари и другарки и сите граѓани и граѓанки на оваа држава, кои не можат да ја трпат неправдата која ни се нанесува со години, да излезат денеска на протест, во 18 часот, пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство во Скопје и да го дадат својот придонес во момент кога Републиката и општото добро се загрозени!

Да се здружиме во име на борбата против неправдата! Се гледаме на барикадите“, соопштуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мојсоска: Трагедијата во Кочани е резултат на системски пропусти , а не „несреќа“

(ВИДЕО) Исмаил: Недостаток на институционален капацитет води кон повторување на трагедиите

Левица: Очекуваме власта утре да покаже доблест и да се појави на Анкетна комисија каде ќе се обратат родителите од Кочани

Томовски фатен во лага – негов близок другар е управител на фирмата која добила милионски тендери, тврди Левица

Левица: Владата во служба на финансиските елити – рекордни добивки за банките, беда за народот

А1он

(ВИДЕО) Апасиев до Гаши: Со месеци ја држите во фиока информацијата по претставката на родителите од Кочани

Горан Наумовски