ЛЕВИЦА: Да им се помогне на социјално загрозените граѓани, наместо да се трошат парите на новогодишни прослави!

Од:

„Вообичаената практика – безмилосно да се трошат народните пари за организација на новогодишни настани, продолжува. Градот Скопје предвидено е да потроши вкупно 5 милиони денари, а згора на тоа и од општина Центар најавуваат организација на новогодишна прослава, така што на неколку метри раздалеченост, во центарот на градот, ќе има две прослави. Неверојатна некоординираност и ирационалност.

За Левица е неприфатливо да имаме така неодговорно трошење на народните пари во услови кога 460 000 луѓе се под прагот на сиромаштија, а 180 000 луѓе се во апсолутна сиромаштија. Ние предлагаме средствата да се насочат за помош на социјално – загрозените граѓани, а да има само симболично одбележување на Нова Година.

Во некои градови од соседството веќе има иницијативи од граѓаните за пренасочување на средствата од новогодишните прослави за помош на деца на кои им е потребно лекување. Ете уште еден можен начин за рационално користење на народните пари, земајќи во предвид дека пред извесно време беа скратени средствата  за лекување на болните од ретки болести.

За таа цел, Левица креираше он-лајн петиција па секој/а кој/а се согласува со нас може да ја потпише и поддржи“, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мојсоска: Трагедијата во Кочани е резултат на системски пропусти , а не „несреќа“

(ВИДЕО) Исмаил: Недостаток на институционален капацитет води кон повторување на трагедиите

Левица: Очекуваме власта утре да покаже доблест и да се појави на Анкетна комисија каде ќе се обратат родителите од Кочани

Томовски фатен во лага – негов близок другар е управител на фирмата која добила милионски тендери, тврди Левица

Левица: Владата во служба на финансиските елити – рекордни добивки за банките, беда за народот

А1он

(ВИДЕО) Апасиев до Гаши: Со месеци ја држите во фиока информацијата по претставката на родителите од Кочани

Горан Наумовски