Левица​: ​​Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на ,,Бехтел и Енка”

Од:

Во селото Ореовец (прилепско), се наоѓа Црквата „Св. Димитрија”, која е гробиштен храм изграден во 1874 година. Црквата претрпе огромни штети, по вршењето на минирањето од страна на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка”, велат од Левица.

„Штетата е настаната по минирањето во непосредна близина од страна на преплатениот од народни пари конзорциум, што предизвикало земјотреси чија последица се одразила и на овој објект. Во Црквата има фрески постари од 150 години – дел од нив изработени на дрво и кожа, кои освен што се од огромно значење за месното население, туку тие претставуваат и богато културно наследство за овој крај.

Од потресите, оштетени и испукани се ѕидовите на Црквата и ако се продолжи со минирање, голема е веројатноста да настанат штети од поголеми размери, што не ја исклучува можноста да се случи и нејзино целосно рушење. Покрај штетата на Црквата, од минирањето: загрозени се извори на вода од кои и денес се снабдува Прилеп со вода; оштетени се куќи во селото Ореовец; се крева прашина која поради струењето на воздухот и релјефот на теренот целосно паѓа во Прилеп и прилепските села и се уништуваат ендемични видови на животни.

Прилепчани десетина дена прават протесна блокада на патот кон село Ореовец и не дозволуваат машини и работници да продолжат со минирање и ископување. Пратеникот од редовите на Левица – Сашко Јанчев, присуствуваше на протестите и даде поддршка на блокадата. Левица претходно го блокираше спроведувањето на договорот со „Бехтел и Енка” со илјадници амандмани. Сега најавуваме дека нашите активисти се спремни веќе и физички на терен да ја поддржат борбата на граѓаните“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Секоја населба се претвори во градилиште, а цените на становите се удвоија, власта не нуди политика за домување

Левица: Државата ги осудува граѓаните на кираџиство – становите во Скопје поскапеа за 13,3 отсто

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ не бара договор, туку алиби зошто повторно нема една изборна единица

Мицкоски ги прекори опозициските партии дека и по неколку дена не усогласиле став за Изборниот законик, СДСМ експресно му одговори

(ВИДЕО) Мециновиќ: Уставниот суд сака да го потврди авторитаризмот на власта преку Изборниот законик

Уставен суд утре ќе расправа по иницијативата на „Левица“ за одредбите за политичко рекламирање во Изборниот законик

Катерина Ѓуровски