Левица: Без соодветна документација се гради загадувачка индустрија во подножјето на Беласица

Од:

На местото кај Смоларски мост, на подножјето на Беласица, на влезот од село Смолари, КО 40/4 подолго време молкум се гради „таинствен” објект на општинско земјиште. Нема никаква табла за тоа што се гради, кој е инвеститорот, кој е изведувачот велат од Левица.

– Документи во врска со објектот сè уште не се доставени и дадени на увид и по неколкукратното барање од страна на советниците од Општина Ново Село. Локалното население се сомнева дека се гради објект за загадувачка индустрија без поседување на соодветна документација.

Од јавно достапниот линк од Седницата на Советот на Општина Ново Село,на прашање за називот на издадената дозвола за градба на објектот, Градоначалникот избегнува одговор и без прецизирање вели: „Производствен погон за обработка на алуминиумски одливци и легури”.

Помеѓу месното население се шпекулира дека еден од двајцата инвеститори е близок со ДУИ, а Kaja Шукова, како министер за животна средина од СДС, ја одобрила градбата.

Постојат сомневања дека објектот е од Г-1 загадувачка индустрија, на место каде е дозволено да се гради Г-2. Законот предвидува дека објекти од Г-1 индустрија може да се градат на оддалеченост од најмалку 5 км од населено место. Според загрижените граѓани, оваа градба се наоѓа на осумдесет метри од изворот на вода за пиење со кој се снабдува Ново Село.

Од неофицијални извори се споделува дека и градежниот инспектор од Општина Ново Село, кој не сакаше да потпише дозвола за градба, е трансфериран да работи во друга општина. Додека, пак, на негово место е испратен друг градежен инспектор кој ја потпишал градежната дозвола. Тоа што документите поврзани со овој објект се кријат од очите на јавноста, само го зголемува сомнежот за политичка вмешаност во истиот.

Поради тоа, Политичката партија Левица бара документите со овој објект да бидат јавно објавени и да се одговори на прашањата: Kога е издадена дозволата и од каков тип е истата? Дали и кога имало јавна расправа за овие измени во урбанистичките планови? Kој е инвеститор и кој го проектира и изведува објектот? Koја класа на индустрија е класифицирана за објектот?

Левица во континуитет стои на страната на здравата животна средина и обезбедување на квалитетни услови за живот на граѓаните. Ниту еден зелен и чист предел не смее да се уништи на сметка на богатењето на олигарсите! Доколку се потврди дека станува збор за загадувачка индустрија, Левица ќе продолжи да ги поддржува загрижените граѓани, се вели во соопштението од Лиевца.

Би можело да ве интересира

Левица: Нова дивоградба во Чаир узурпира државно земјиште

А1он

Пратениците од Левица поднесоа интерпелација за претседателката на Комисијата за социјална политика Даути за законот за бранители

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчев: Нашиот левичарски нарав е таков – за сестра се умира

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

(ВИДЕО) Мециновиќ: Народот заслужува одговори – ДПМНЕ му сервира пцости и насилство