Левица: 80 години АСНОМ – споменот на двата Илиндени живее!

Од:

Денес, пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, на 80 години од одржување на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија, на кое беше конституирана и основана државата Македонија, делегација на Левица составена од пратениците Борислав Крмов, Сашко Јанчев и членот на ЦК, Виторио Зафировски – положија свежо цвеќе во чест на македонските револуционери кои ги дадоа своите животи за создавање македонска држава и за слобода на македонскиот народ.

„АСНОМ е круната на Народоослободителната борба во која македонскиот народ, следејќи ги илинденските борбените традиции од 1903, успеа да го оствари својот вековен сон за формирање на своја држава Македонија. Споменот на двата Илиндена е жив кај македонскиот народ и тоа е водечкиот идеал на чиј основ македонскиот народ ќе си ја спаси и зачува Републиката. АСНОМ ЖИВЕЕ! ДА НИ Е ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА!“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Националните координатори се системски паразити со плата над 100.000 денари

Горан Наумовски

Левица: Преку ваучери за летување ДУИ поткупувале гласачи – ВРЕДИ и ДПМНЕ го дореализирале проектот

Горан Наумовски

Мојсоска: ДПМНЕ ја брише Република Македонија од законите додека Грција го укина Центарот за македонски јазик

Левица: Поради проблеми со струјата и водата, одложен е стартот на учебната година во О.У. „Визбегово“

Горан Наумовски

Левица: Иако укинати, партиски економски директори незаконски продолжуваат да владеат со клиниките