Летово со натпросечни температури и просечни врнежи, најтопло во јули

Од:

Летово во земјава се очекува температурите да го надминат повеќегодишниот просек. Како што информира УХМР, надминувањето на температурите може да достигне и до три степени Целзиусови речиси на целата територија, а најголемото позитивно отстапување на температурите на воздухот од повеќегодишните просеци за оваа сезона се очекува да биде во јули.

– Со голема веројатност се очекува летото оваа година да биде потопло и со просечни врнежи. Според анализите за целиот југоисточен регион на Европа, летните температури се очекува да достигнат надпросечни вредности. За територијата на Северна Македонија постои голема веројатност за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности. Надминувањето на температурите може да достигне и до три степени целзиусови речиси на целата територија. Најголемото позитивно отстапување на температурите на воздухот од повеќегодишните просеци за оваа сезона се очекува да биде во јули, соопшти УХМР.

Многугодишниот просек (1981 – 2010) за температурите на воздухот во летната сезона се движат од 16 степени во планинските предели до 25,3 степени во Гевгелија. Врнежите се во границите од 23,9 милиметри измерени во Штип до 96,7 во Маврово. Многугодишниот просек (1981 – 2010) на температурите на воздухот во Скопје за јуни, јули и август изнесува 21,9 степени, 24,2 и 23,9 степени. Многугодишната (1981 – 2010) просечна количина на врнежи во Скопје за овие три месеци е 44 милиметри, 37,6 и 34,4 милиметри.

Би можело да ве интересира

Денеска ќе биде сончево и многу топло, температура до 40 степени

Од денеска до 13 август: Топлотен бран ја зафаќа земјава

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне услови за дожд

Турција регистрираше 50 степени за прв пат во историјата

Горан Наумовски

Во центарот на Чачак беа измерени неверојатни 54 степени

Горан Наумовски