Летна акција за санирање на улиците во општина Гевгелија

Од:

Со асфалтирање на улицата „Гоце Делчев“ во Миравци денеска симболично стартуваше летната акција за изградба и уредување на улиците во општина Гевгелија.

Паралелно уште на неколку поголеми и помали улици во Гевгелија и населените места се извршуваат подготвителни работи за нивна изградба и реконструкција. Од Миравци механизацијата на 25 јуни ќе се префрли во Гевгелија, каде е планирано целосно санирање и асфалтирање на улиците „Мицо Шаренков“, „Гоце Делчев“ и „Петар Мусев“, а потоа ќе се пресели и во Негорци.

– Со оваа акција ќе бидат целосно изградени и асфалтирани најоштетните улици во градот Гевгелија и во поголемите населени места. Според програмата за уредување на локалните патишта и улици очекуваме до крајот на годината да бидат обновени сите дотраени улици во градот и во населените места, изјави градоначалникот Сашо Поцков.

Општина Гевгелија задачата им ја довери на фирмите „Жикол“ од Струмица и „Еуроинг“ од Гевгелија кои имаа најповолни понуди за изградба на новите улици.

Би можело да ве интересира

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција и реализација на ветената експанзија

А1он

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија