А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Лекарската комора повикува да се почитуваат протоколите кои забрануваат посети кај пациенти со изгореници

by А1он18/03/2025 - 14:27519
Share0

Лекарската комора ја поздравува навремената реакција на надлежните институции во нашата земја, како и срдечната помош и поддршка што ја даваат другите држави со згрижување на најтешко болните пациенти повредени во пожарот во Кочани. Овој начин на организација е клучeн зa пациентите да добијат вистинска шанса со соодветна и високо стручна медицинска помош да ја надминат тешката здравствена состојба во која се наоѓаат. Поддршката што ја добиваме од другите држави, како со згрижување на пациентите, така и со лекарска експертиза, заедно со посветената работа на нашите доктори е најважна во овие моменти за да се спречи да расте бројката на трагично загинати.

Добивај вести на вибер

Лекарската комора, исто така, апелира да се почитуваат медицинските протоколи за лекување и заштита на ваков тип на пациенти, кои предвидуваат изолација и забрана за посети. Мора да се има предвид дека овие болни имаат мултисистемско засегање на организмот и зголемен ризик од инфекции. Секој дополнителен контакт со надворешни лица, директно и сериозно, може да го загрози нивното здравје. Присуството на цивилни лица кај овие болни, исто така, може да предизвика и непотребен стрес и вознемиреност, како и да го попречи работењето на медицинскиот персонал.

Ги повикуваме сите институции, политичари, медиуми, граѓани и здравствени работници да ги почитуваат медицинските протоколи, а здравјето на повредените да го сметаат за највисок приоритет. Веруваме дека со таков однос ќе се постигне поголема доверба кај јавноста, отколку со непотребни директни посети на болните.

Lekarska komora na Makedonijapozar kocani

Би можело да ве интересира

Драма во судницата на рочиштето за „Пулс“: Повикана беше Брза помош за обвинетиот Дејан Јованов-Деко

Горан Наумовски20/04/2026 - 14:4820/04/2026 - 14:48

Судење за „Пулс“: Сведокот Јосифов изјави дека немало раководител на инспекцики служби

Горан Наумовски20/04/2026 - 14:2720/04/2026 - 14:29

Сведок за „Пулс“: И покрај рацијата, забавата продолжи се до пожарот

Горан Наумовски20/04/2026 - 11:49

Судење за „Пулс“: Oбвинетиот газда на дискотеката Дејан Јованов-Деко бара куќен притвор

Горан Наумовски20/04/2026 - 10:3820/04/2026 - 10:54

Ниту еден сведок на Обвинителството денеска не се појави на рочиштето за пожарот во „Пулс“

Горан Наумовски16/04/2026 - 12:28

Судска медицина: Анализите за трагедијата во Кочани ќе бидат јавно презентирани

Горан Наумовски09/04/2026 - 16:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто