Основниот суд Скопје 1 потврдил дека офталмологот Ставриќ правосилноста на пресудата ќе ја чека на слобода, бидејќи јавното обвинителство не поднело жалба на нивната одлука, докторот да се брани од слобода.
Ставриќ е осуден само со две рочишта – на второто, кое се одржа на 26 мај, доби една година затвор, прогласен за виновен за сторено кривично дело примање на награда за противзаконито влијание.
Неговиот бранител побара очниот хирург до издржување на казната да биде пуштен од притвор.