Легло со змии пронајдено во бунар во кумановско Лопате

Од:

Легло со смокови пронашле жителите на кумановско Лопате во стар и напуштен бунар, лоциран  кај поранешните воени магацини на крајот од селото.

Селаните најпрвин забележале еден смок, а наредниот ден виделе најмалку шест смокови. Сопственикот на земјиштето каде што е лоциран бунарот Неџат Фетаовски денеска изјави дека едниот од нив успеале да го убијат со лопати.

Наредниот ден, раскажаа Фетаовски и неговиот сосед Симо Малиновски, локалните жители забележале дека во стариот бунар има уште змии. Соседите успеале да се организираат и со лопати да убијат пет смокови. Но, стравуваат  дека ги има во поголем број. Превентивно, Фетаовски го затрупал  бунарот. Неговите соседи случајот го пријавиле во Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Оттаму, денеска случајот го пренесоа во дневниот билтен и посочија  дека ги информирале Центарот за јавно здравје Куманово од каде пак добиле повратен одговор дека немаат оспособени лица за справување со вакви ситуации.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски