Легализирани 4.000 бесправно изградени објекти во Тетово

Од:

Околу 4.000 објекти во општина Тетово веќе се легализирани во согласност со Законот за легализација на бесправно изградените објекти .

По оваа основаопштинскиот Сектор за урбанизам има примено околу 8000 барања,но со дел од поднесените документи има определени проблеми, информираат од Секторот за урбанизам во Општина Тетово.

„Најголем број од сѐ уште нерешените барања имаат проблем со геодетските елаборати, кои не се целосни, поради што им ги враќаме на барателите да ги докомплетираат, особено во делот на расчистување на имотно-правните односи и приватизирањето на земјиштето“, рече Неџати Зулбеари од Секторот за урбанизам.

Понесувањето на барањата за легализација на бесправно изградените објекти заврши во септември 2011 година.

Сите барања треба да бидат одбиени или прифатени од општинските комисии во следните шест години, но, како што напомена Зулбеари, оние чии предмети не се решени, а имаат проблеми со докуметацијата, мора целосно да ја докомплетираат до јуни 2014 година.

Г.М.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски