Лефков: Зборуваме за градење на патишта, а притоа го рушиме правниот систем на државата

Од:

„Зборуваме за градење на патишта, а притоа го рушиме правниот систем на државата. Го рушиме со донесување и предлагање на вакви законски решенија со кои целосно се суспендира законот за работни односи, законот за градба, и еве денеска законот за урбанистичко планирање. Што се случува криејќи се зад добрите намери, а тоа е изградба на патна инфраструктурна мрежа се случува целосно понижување најпрвин на Собранието“, истакна Миле Лефков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Лефков посочи дека суспендирањето на законските решенија укажува само на едно и потврдува само едно, а тоа е сите критики во изминатите шест години за владата на СДСМ и ДУИ дека немаат институционални капацитети за спроведување на големи капитални инфраструктурни проекти.

„Соочена со својата неспособност и неспособноста да ги спроведува законите за урбанистичко планирање и законите за градење, и законот за работни односи, таа си одлучува и истите тие да ги суспендира“, рече пратеникот.

Тој посочи дека патниот коридор е испечатен само на маицата на Артан Груби, а не е познат воопшто. А, притоа власта склучува договори кои што чинат милијарди евра.

„Запрашајте се кој од вас, кој од овде од овие кои што ќе гласаат ќе се согласат да бидат задолжени за наредните декади од нивниот живот за да градат нешто за кое што нема потребна документација“, запраша пратеникот.

Лефков укажа дека ако се погледнат законските одредби, тие дополнително внесуваат немир. Зошто внесуваат немир? На пример и со законот за урбанистичко планирање и со законот за градење се споменува измена на она што значи стратешки проект, односно проект од стратешко значење.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски