Лефков: Дрин Ахмети добивал милионски тендери, иако го оштетил Буџетот и владата на СДС и ДУИ требало да му ја одземе лиценцата

Од:

Дрим Ахмети преку Еверст ЏД, со која експлоатирал минерални суровини повеќе отколку што пријавил и платил на државата, наместо да се соочи со санкција и одземена дозвола под закрила на Министерството за економија на Крешник Бектеши продолжил да работи, и како таков да ниже милионски тендери.

Затоа што Бектеши не му ја одзел концесијата на Дрин Ахмети, иако требал и морал, тој сепак продолжил да работи и како таков добивал тендери. Имено фирмата се јавува како носител на договори за јавни набавки во државните институции АД „ЕСМ” во вкупен износ од 7.670.000 денари со вклучен ДДВ и договор за јавна набавка кај ЈКП „Водовод и канализација” – Прилеп во вкупен износ од 944.000 денари со вклучен ДДВ.

Над 8 ипол милиони денари се тендерите кои ги добила фирмата на Ахмети, а на кои немало да учествува ако владата на СДС и ДУИ и Крешеник Бектеши постапеле по закон.

Власта на СДС и ДУИ и нивните луѓе во Министерството за економија знаеле дека концесионерот не доставувал геодетски елаборати со пресметка на откопаните количини на минерални суровини, предвидена во член од Законот за минерални суровини, како и дека не вршел исплата на концесиските надоместоци утврдено со склучениот договор, и покрај тоа му овозможиле на фирмата на Ахмети да ги користи придобивките од концесијата и непречено да остварува приходи.

Вака изгледа кон институциите не работат за граѓаните, туку за елитите на власт. Ова време заврши, затоа се се погласни во лагите и клеветите и СДС и ДУИ. Но колку и да лажат и клеветат, мора да знаат дека одговорноста за секоја нерегуларнорност која ја направиле доаѓа, рече Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинувањата на Трендафилов за Стојаноска се неосновани

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите