Леар: Фабриката ќе биде затворена додека не се реши случајот со затруените работници

Од:

Фабриката „Леар“ во Тетово денеска соопшти дека ќе биде затворена се додека не се разреши случајот со 200-те работници кои во текот на изминатата ноќ со симптоми на труење побарале лекарска помош.

– За компанијата „Леар“ ништо не е поважно од здравјето и од благосостојбата на вработените. Ние имаме одлични услови за здравје и безбедност во нашите фабрики. Внимателно ги следиме инструкциите на локалните здравствени власти за да го истражиме овој изолиран инцидент. Фабриката ќе биде затворена сѐ додека не се разреши случајот и додека не се осигуриме дека нема да се повтори, се наведува во соопштението.

Од фабриката посочуваат дека 190 вработени веќе се отпуштени од болница, а за многу кратко време се очекува и останатите вработени да бидат пуштени од болница.

Директорот на Клиничката болница во Тетово, Флорим Бесими денеска изјави дека е формирано координативно тело од сите медицински установи во градот, односно Клиничката болница, Здравствениот дом, Центарот за јавно здравје и Санитарната инспекција и започнати се процедурите за утврдување на причините што довеле до труење на вработените.

Тој истакна дека сите пациенти се жалеле на исти симптоми, односно стомачни тегоби и повраќање и оти сите претходно јаделе макарони со сос со мелено месо.

– Меѓутоа, испитувањата чиишто резултати ќе се знаат за 48 часа треба да ја утврдат точната причина за ова, истакна Бесими.

Денес во фабриката увид извршија и екипи од Основното јавно обвинителство од Тетово, СВР – Тетово и надлежни инспекциски служби.

Би можело да ве интересира

Млада девојка пронајдена мртва во Тетово, Обвинителството ги проверува околностите

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: Тетово не е пазар за Левица и ДУИ

Двајца полицајци од Тетово помогнале во уништување на докази за двајца уапсени дилери

Горан Наумовски

Мицкоски: ДУИ не враќа назад, Левица руши и безмилосно ја цицаат и самата партија, а Филипче мисли на Дубаи

(ВИДЕО) Катка Божиновска: Вреди да се бориме за Тетово!

А1он

Почетокот на судскиот процес за театарот и библиотеката повторно одложен – нов термин закажан за 8 октомври