ЛДП: Регулаторната комисија против граѓаните

Од:

ЛДП денеска предупреди дека Регулаторна комисија веќе два месеци интезивно работи на текстот на новиот Правилник за снабдување со топлинска енергија, во кој се предвидува наплата и за услуги кои нема да се вршат воопшто од страна на Толификација АД Скопје.

„Според последната работна верзија на Правилникот и граѓани и правни субјекти, кои ќе се исклучат треба да плаќаат дел од предвидената цена за парно греење. Ова се однесува и за граѓани кои веќе се исклучени системот на парно греење, на Топлификација АД Скопје, како и оние кои воопшто не се ни приклучени на овој систем, што значи дека ќе се обврзаат граѓаните да плаќаат за услуги кои воопшто не ги користат”, рече Зоран Шапуриќ од ЛДП.

Тој рече дека Уставниот суд на Република Македонија, пред 4 години донесе одлука со која се укинаа одредбите за обврската да се плаќа 50 проценти од цената за испорачаната топлинска енергија преку системот Топлификација АД Скопје, за оние корисници кои се исклучени од ситемот, со образложение дека е незаконски и неуставно да се плаќа за услуги кои не се испорачуваат и не се извршуваат.

„Наместо да ги заштити граѓаните Рерулаторната комисија има намера да им воведе нови неподносливи намети. Згора на сето ова во иднина за да се исклучат граѓаните ќе мора да добијат согласност од повеќе од 75 проценти од станарите во еден објект”, рече Шапуриќ.

ЛДП ја повика Регулаторната комисија да го прекине изготвувањето на новиот Правилник.

Би можело да ве интересира

Бислимоски: Без 200 денари за мрежарина, граѓаните ќе имаа поскапи прв блок и евтина тарифа за 15 отсто

Орце Костов

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Регулаторна ја одзеде лиценцата на БЕГ

Предраг Петровиќ

Бислимоски теши, ама ни сам не знае дали резервите на нафтените компании се полни

Именувани претседател и тројца членови на Регулаторната комисија за енергетика

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ е во тотален хаос – назначија двајца претседстели на Регулаторна

Ана Ололовска