ЛДП обвинува дека Мицкоски се обидува да им направи пуч во партијата

Од:

Либерално демократската партија го обвинува опозицискиот лидерот, Христијан Мицкоски дека се обидува да направи пуч во нивните редови. Од ЛДП велат: јасно е оти актуелниот директор на Универзална сала, кој во јавноста ги пласира невистините за претседателот на ЛДП, е во тесна спрега со опозицијата.

ЛДП, јавно ја повикува градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска да ги објави финансиските извештаи за работењето на Универзална сала, особено делот за незаконско работење , за кој беше обвинуван актуелниот директор на прес конференциите на ДПМНЕ, за време на изборната кампања.

„Срамно е што киднапираната ДПМНЕ си дозволи да користи ниски методи за уцена на поединци со цел нанесување на штета на угледот на претседателот на ЛДП и инсталирање за нив „подобен“ претседател кој ќе ја реализира агендата за враќање на власт на нереформираното ДПМНЕ. Ниту претседателот Горан Милевски, ниту пратениците, ниту бил кој друг член на раководството на ЛДП, не можете да ги заплашувате со вакви лаги кои ги пласирате преку соопштенија, бидејќи своите функции ги обавуваат чесно, во согласност со законите“, велат од ЛДП.

Понатаму додаваат дека довербата на граѓаните не може да се добие со неоснована црна пропаганда кон политичките опоненти, туку само со проекти и активности.

Би можело да ве интересира

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Никој нема против албанскиот јазик, но треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот

ВИДЕО: За реконструкција на Владата ќе разговара во периодот мај/јуни

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Мицкоски се сретна со Пленковиќ – регионалната соработка и европската перспектива во фокусот на разговорите

А1он