ЛДП: Министерот Попоски да го прочита извештајот на Прибе

Од:

„Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, да не кажува дневнополитички  ‘гачки’, туку  да го прочита извештајот на Рајнхард Прибе за состојбите во државата, за работите да му станат појасни.

Во извештајот јасно пишува, кој прислушкувал во државата и на што се должи нефункционалноста на институциите, како и за корупцијата во врвот на власта и за наводната „слобода“ на медиуми.

Попоски, во интервјуто за „Дојче веле“ се стави во улога на адвокат на ѓаволот, поддржувајќи го злосторничкото здружување на врхушката на власт.

Веќе и на малите деца им е јасно дека ова е осмислено сценарио за меѓусебно штитење на криминалците на власт.

Најдобро би било министерот за надворешни работи Попоски, да не ги троши народните пари за одбрана на криминалната банда по светот, туку да се посвети на евроатлантските интеграции на Македонија.

Едно е сигурно, со вакво недржавничко и строго партиско делување полека, но сигурно ги губиме вистинските пријатели во Европа“, соопштуваат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он