ВИДЕО: ЛДП ќе поднесе иницијатива за легализација на марихуаната, партијата тврди дека не е поврзано со Богоевски

Од:

Пратеничката Јулијана Николова од ЛДП најави дека како пратеничка група ќе иницираат закон за легализација на марихуаната, не само за медицинска употреба како што беше досега, туку за општа употреба.

Како што рече Николова, ова законско решение ќе го иницираат со цел сите во општеството да имаат еднаков пристап.

Не сакаше да коментира за нејзиниот колега Павле Богоевски и рече дека аудио снимката на која се слуша неговиот глас не е докажано дали е автентична.

На прашањето каква е разликата помеѓу „бомбите“ од 2015 година и оваа аудио снимка, Николова рече дека се работи за два различни моменти.

„Во оваа снимка која што не е докажана, се надевам дека институциите ќе се занимаваат со тоа, се работи за напад на достинството на поединец, а во 2015 се работеше за цела политичка гарнитура која работеше против интересите на државата и има разлика. Дали пратениот треба да поднесе одговорност, не можам да зборувам во негово име, ќе си каже самиот“, рече Николова.

На прашањето зошто токму сега инцираат легализација на марихуаната по скандалот со Богоевски, Николова образложи дека нема поврзаност со настанот и дека на овој проект работеле со месеци во соработка со неколку амбасади и со Здужението „Билка“.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата