ЛДП ќе бара итна средба со премиерот за јасна стратегија и поддршка во евроинтеграциите

Од:

Да, премиерот беше во право денес кога во Парламентот на одговор на пратеничко прашање истакна дека ЛДП е една од ретките партии во земјата и во Собраниетo што е целосно интегрирана во европското и меѓународното политичко семејство и може да помогне. Тој директно ја посочи ЛДП и тоа веројатно е така затоа што нема друга партија во земјата и во Парламентот што има големо влијание и е слушана од нејзините меѓународни и европски партнери. Како одговорна партија, отсекогаш сме се залагале за заштита на националниот интерес, вклучително националниот идентитет, соопштија од ЛДП.

Од партијата велат „За тоа и треба да се истакнат бројни резолуции донесени од страна на либералите со јасна и недвосмислена поддршка на македонскиот јазичен идентитет, култура и традиција. Но, ова не е прашање за освојување политички поени и никогаш не треба да биде. Можеби така било во минатото, можеби се направени грешки, но народот се изјасни на изборите и не сака да го гледа ова прашање како точка каде што политичките партии ќе добијат поддршка или казна. Политичките надмудрувања и кавги ќе доведат до влошување на позицијата на земјата и внатрешен пораст на национализмот и популизмот, што ќе го попречи економскиот просперитет и развој. Лекцијата дадена од народот за ЛДП е јасна и таа мора да биде научена од сите“.

„Оттаму, да со оглед на тоа што премиерот го оцени како позитивно и значајно влијанието на ЛДП, ќе иницираме итна средба со премиерот и неговиот тим за меѓународна соработка на највисоко ниво за да разбереме какви сѐ напори вложи и која е Стратегијата на владата во последните месеци, како што нагласи и самиот премиер, но и каква е моменталната состојба и како можеме ние искрено да помогнеме во овој процес.

Наша должност е како македонски граѓани и политичари во Македонија да бидеме во служба на народот и во интерес на граѓаните. Тие интереси се силни и праведни државни институции на земјата кои се одговорни и отчетни, просперитет и напредок што водат кон европски економски стандарди, како и еднаквост меѓу европските нации со статус на полноправни членки на Европската унија.

Ние ќе продолжиме уште посилно да работиме и лобираме врз основа на информациите што ќе ни ги дадат премиерот и неговиот тим, како и врз основа на ресурсите кои сообразно ќе бидат ставени на располагање“ е ставот на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство