Лажно се претставувал како градоначалник и пријавил настан, полицијата документира случај за 80 – годишник од Кавадарци

Од:

Лажно се претставувал како градоначалник и пријавил настан, полицијата документира случај за 80 – годишник од Кавадарци. За ова попладнево информираа од СВР Велес.

– Вчера во 16.20 часот во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со М.М.(80) од Кавадарци затоа што се јавил во полиција, лажно се претставил како градоначалник на една општина и пријавил настан. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од Секторот за внатрешни работи Велес.

Вчера во 11.20 часот во ОВР Неготино бил извршен службен разговор со З.О.(45) од неготинско село поради сомнение дека измамил 54-годишна жена од Демир Капија.

– Според пријавеното, тие се договориле З.О. да изведува градежни работи кај нејзе за што во февруари оваа година му исплатила 100.000 денари, но до пријавувањето не ја завршил договорената работа. По документирање на настанот, против З.О. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Велес.

Нешто порано околу 9 часот во СВР Велес, О.М. од Неготино пријавила дека заедно со медицински лица, кои вршеле домашна посета, во неговиот дом во лоша здравствена состојба го пронашле нејзиниот чичко Љ.Г.(70) од Велес, кој набргу починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Велес.

Би можело да ве интересира

Хакерска измама „тешка“ 44.222 евра во Свети Николе

Велешанец обвинет за измама, одзел 4.000 евра од жител на Неготино

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Лажен полицаец измами скопјанец за 3.500 евра

А1он

Лажен лекар од Дојран олесни пензионерка од Кавадарци за речиси 5.000 евра

Горан Наумовски

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра