Лажни дојави за бомби во Уставен суд и на скопскиот аеродром

Од:

Уставниот суд и скопскиот аердором добиле дојави за наводно поставени бомби кои по првоерката се покажало дека се лажни. Министерството за внатрешни работи информира дека се направени антитерористики проверки и е контатирано дека одјавите се лажни.

– Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиена порака на електронска адреса со закана за поставена експлозивна направа во Уставен суд и аеродромот во Скопје, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Од страна на полициските службеници веднаш се преземени соодветни мерки и извршени се детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави се наведува во соопштението од МВР:

Заканите за боби во училиште и други објекти во Скопје, но и во неколку други градови доаѓаат веќе неколку месеци. Најчесто на удар беа училиштата, но тие сега се затворени поради зимскиот распуст.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Уапсените за лажни пријави се соочуваат со обвиненија за тероризам

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

Нови дојави за бомби во Загреб: Евакуации во училишта и медиуми

18-годишно момче е уапсено за дојавување на лажно поставени бомби

Неколку основни и средни училишта во Словенија денес добија е-пораки со безбедносни закани

МВР: Две дојави за поставени бомби пристигнаa електронски до две приватни училишта и Музеј

Горан Наумовски