Лажна адвокатка украла 13 илјади евра од брачен пар, ги излажала дека ќе купат стан кој бил на лицитација

Од:

Во СВР Скопје 24-годишна жена пријавила дека таа и нејзиниот сопруг биле измамени од едно женско лице за сума од околу 824.000 денари.

Според пријавеното, таа се претставила како адвокат и сопственик на правно лице од Битола и ги довела во заблуда дека ќе им овозможи да купат стан кој бил на лицитација со учество од 30% од вкупната сума на чинење на истиот и дека останатите 70% ќе бидат платени од државни пари. Парите во три наврати и биле дадени на рака на неа и на уште едно лице, а исто така им дале и изводи од матична книга на родени и копии од нивни лични карти.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

43-годишна жена пронајдена мртва во стан во Кисела Вода

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар