Лажен лекар измами жена за 3.000 евра

Од:

Лажен лекар измамил неготинка за три илјади евра, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Во ОВР Неготино, 81-годишна неготинка пријавила дека е измамена од едно лице за сума од 3.000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка во моментот е во болница со скршеница и треба да се изврши оперативен зафат за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на договореното место, а подоцна сфатила дека е измамена, соопштија од СВР – Велес.

Се преземале мерки за расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Хакерска измама „тешка“ 44.222 евра во Свети Николе

Велешанец обвинет за измама, одзел 4.000 евра од жител на Неготино

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Лажен полицаец измами скопјанец за 3.500 евра

А1он

Лажен лекар од Дојран олесни пензионерка од Кавадарци за речиси 5.000 евра

Горан Наумовски

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра