Лазаровски: СДСМ гласаше за Александар а сега сака да го урива

Од:

ВМРО-ДПМНЕ повикувајќи се на изјавата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети дека споменикот Воин на коњ бил договорен помеѓу ДУИ и СДСМ во периодот 2002-2006 година, праша зошто сега сака да го урива?

„Тоа што Ахмети го тврдеше е вистина. Ова е одлуката за поставување на споменици која е донесена на 30 ноември 2004 година кога СДСМ имаше мнозинство во Советот на град Скопје, градоначалник беше кандидат на коалицијата предводена од оваа партија,а СДСМ беше владеачката партија.

Тогаш СДСМ немала ништо против изградбата на ваков споменик, напротив, ако поставувањето на споменик на Скендербег, било барање на ДУИ, очекувано е во еден таков разговор барањето за изградба на Воинот на коњ да биде на СДСМ.

Денес, истата СДСМ е најгласниот противник на изградбата и постоењето на овој споменик.

Денес истата СДСМ се заканува преку нејзиниот генерален Секретар Андреј Петров, дека се спремни да го отстранат овој споменик, а Бранко Црвенковски го потврди ваквиот став. Значи за само неколку години тие го променуваат своето мислење.

Тоа само говори за тоа колку се неодговорни како политичари и колку своите политики ги базираат на инает и на противење, а не на свои издржани принципи. Тие своите одлуки ги менуваат секојдневно и не ги носат врз база на тоа што би било подобро за граѓаните. Штом за ова прашање вака драстично го менуват ставот, тие и за секое друго прашање го прават истото“, рече Сашо Лазаровски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито