Лазаровски: Колку должи општина Карпош

Од:

ВМРО-ДПМНЕ повторно го прашува градоначлникот на Карпош, Стевчо Јакимовски колку пари должи општината.

„Епа господине Стевчо Јкаимовски, како човек кој доаѓа и живее во Карпош, како човек кој секојдневно комуницира со граѓаните на Карпош, не интересира колку ја задолживте како градоначалник вие општина Карпош?

Дали молкот за долгот, од ваша страна значи и потврдување господине Јакимовски?!

Потврдувате ли дека немате пари во општинската каса за да ги исплатите градежните компании, потврдувате дека една од компаниите веќе покренала и судски спор со цел да си ги наплати парите“, праша Сашо Лазаровски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој праша „колку изнесува булата во буџетот и дали и колку компании тужат за неплатени побарувања“.

„Како Градоначалник на општината сте должни да им објасните на граѓаните како менаџирате со нивните пари? Објаснете и им дали и должите на некоја од невладините организации кои организираа караоке забави со општински пари или нив за разлика од градежните компании уредно им ги исплаќате долговите“, изјави Лазаровски.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Нема голем скандал во Македонија, а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај Али Ахмети

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици