Лазаровски: Кадрите на СДСМ оставија блокирана општинска сметка во Богданци

Од:

Денoвовие СДСМ се во Богданци. Добро е, барем ќе видат дека овој град воопшто постои. Тие 20 години не направија ништо добро за оваа општина ниту пак некој од СДСМ ја посети.

Вака Сашо Лазаровски од ВМРО-ДПМНЕ го коментираше „Работното лето“ на опозицијата во Богданци.

„Но кога веќе се таму, ќе им порачаме да им објаснат на граѓаните од Богданци како се случи поранешниот градоначаник на СДСМ од Богданци Горги Петрушев да проневери цели 90 илјади евра, кои беа наменети наместо за санација на поплавите, да завшрат во приватни џебови, кадри на СДСМ.

Да им објаснат на граѓаните од Богданци, како се случи и второто решение на СДСМ за в.д градоначалник на оваа општина, веднаш откако Горги Петрушев беше осуден, г. Владо Стојановиќ само за 9 месеци откако ја превзема функцијата в.д градоначалник да проневери пари од општината за улично осветлување, за што има судска одлука од една година затвор.

Функционерите на СДСМ треба да им објаснат на граѓаните како се случи кадрите на СДСМ да ја направат општина Богданци една од најзадолжените општини во држвава. Тие 12 години владееја со оваа општина и оставија долг од 1 милион и 600 илјади евра и блокирана општинска сметка.

СДСМ нека објасни зошто името на Црвенковски и СДСМ во Богданци е синоним за криминал и само криминал.

Кога веќе Зоран Заев е таму го повикуваме да отиде меѓу земјоделците во Богданци и да објасни една едноставна работа: зошто во време на СДСМ тие не добиваа денар пара за субвенции, зошто земјоделското земјиште се распределуваше на локалните моќници?

СДСМ кога ќе ги повика граѓаните од Богданци да кренaт глас за да СДСМ повторно се врати на власт нека им погледнат во очи и нека им одговорат на овие прашања.

Бранко Црвенковски ништо добро не направи за Општина Богданци. Тоа го знаат жителите на оваа општина и затоа не му веруваат“, рече Лазаровски.

 

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито