Лазаревска: ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од блокадите, Законот за наставници обезбедува повисоки плати во образованието

Од:

Како претседателка на собраниската Комисија за образование, наука и спорт, сакам да ја информирам јавноста, а особено наставниците и стручните соработници дека за утре, 18, февруари закажав продолжение на седницата на која треба да дискутираме за Предлог законот за наставници и стручни соработници во основното и средното образование, изјави Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ

Таа истакна дека овој Закон предвидува квалитетно решение за работниот однос на над 4700 вработени во училиштата кои со години работат, а не можат да го трансферираат работниот однос бидејќи предаваат во повеќе училишта или предаваат изборни предмети.

Лазаревска вели дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ цела година го блокираа Законот и работеа на штета на наставниците и стручните соработници кои поради ваквиот неодговорен однос, речиси цела година земаат пониски плати.

Бидејќи пратениците од ВМРО-ДПМНЕ исто такво решение доставија во собраниска процедура, со што признаа дека станува збор за добар закон, ги повикувам и апелирам до нив на утрешната седница да бидат конструктивни и конечно да почнат да работат во интерес на граните, додаде Лазаревска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?