А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ласовска: Наместо квалитетен закон за високо образование, Дескоска обезбеди место за својот сопруг во Одборот за евалуација

by А1он03/05/2018 - 17:05411
Share0

Наместо министерката Рената Дескоска да предложи квалитетен закон за високо образование, деновиве стана јасно дека приоритет ѝ било обезбедување место за својот сопруг во Одборот за акредитација и евалуација во високото образование, изјави Благица Ласовска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со пишувања на дека професорот на Правниот факултет, Тони Дескоски, е еден од дваесет и тројцата членови на Одборот за акредитација и евалуација во високото образование, именуван на предлог на УКИМ од пред неколку години.

Добивај вести на вибер

„Законот кој беше предлог на министерката, а парламентарното мнозинство на вчерашната седница го изгласа, се донесе без никаква дебата и инклузивност, иако се работи за едно сериозно прашање од областа на високото образование. Новиот закон за високо образование ги одзема сите права на студентите да одлучуваат за клучни процеси во универзитетите“, рече Ласовска.

Според неа, Законот за високото образование што беше донесен од страна на парламентарното мнозинство е крајно рестриктивен и недемократски ако се земат предвид правата на студентите, студентските избори, односно студентскиот парламент.

Со овој закон, рече таа, универзитетите, односно факултетските студенстски парламенти стануваат тела на универзитетот, факултетот, односно високата стручна школа.

„Новиот закон за високо образование го укинува правото за намалување на партиципацијата на децата од еднородителски семејства и истовремено се укинува и правото на студент кој е запишан во приватна квота на државните универзитети и плаќа 400 евра да не може да се префрли во државна квота од 200 евра доколку постигне просек од 8,5. Исто така законот го укинува правото на бесплатно школување на студентите со завршен просек од над 9 во претходната година. Со овие укинувања СДСМ класично ја отстранува социјалната компонента и вреднувањето на успехот и трудот на студентите“, рече Ласовска.

Таа додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе 17 амандмани, но, како што рече, за жал министерката за образование и наука, Рената Дескоска, не прифати ниту еден амандман и токму затоа СДСМ не може да зборува дека овој закон е плод на широка и квалитетна дебата.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:29

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен