Лашкоска: Тоа што Владата го презентирала пред комитетот на УНЕСКО не соодветствува со тоа што го нуди како предлог-закон

Од:

„Скандалозниот однос на Владата предводена од Заев кон Охрид и Охридскиот регион добива свои уште поскандалозни продолженија.

Предлог законското решение за управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион кое што е доставено во Собранието, деновиве можевме да видиме и слушнеме дека не е тоа на кое што било работено изминатиот период со граѓанските организации запознати со проблемот. Ова значи дека јавните расправи на оваа тема кои што биле правени биле буквално фрлени во корпа заедно со сите експертски мислења кои биле изнесени.

Ова само го покажува односот на Власта кон експертската јавност“, рече Ане Лашкоска, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, можевме да слушнеме и видиме оти Владата тоа што го презентирала пред комитетот на УНЕСКО во Баку не соодветствува со тоа кое што сега како предлог законско решение го нуди.

Владата на Заев со ова ги излажа и експерите и Унеско и сите граѓани на Охрид и Република Македонија.

Да потсетиме, спротивно на сите насоки оваа Влада вметнува одредби со кои новиот Совет треба да одлучува со бадентер што е спротивно на Уставот, а згора на тоа во Советот да членува и еден надворешен претставник на предлог на министерот за политички систем и односи меѓу заедниците.

Класично политизирање на една тема која треба експерти да ја уредуваат.

Да потенцирам, ова не го говори само ВМРО-ДПМНЕ, туку ова го говорат медиумите, експертите и претставниците на невладините организации.

Заев покажа дека приоритет му е политичкиот пазар наместо угледот на државата, граѓаните и градот Охрид. Тој на политички пазар е подготвен да стави и културните и природните богатства на Охрид и Македонија само да се зачува на власт.

Затоа бараме итно да се повлече ова предлог законско решение од собраниска процедура. Закон за Охрид и охридскиот регион има во сила и обврските кои ги имаат надлежните органи и институции и по овој закон можеа да си ги завршат и лани, и пред неколку месеци, но кога веќе ништо не реализирале, им препорачуваме тоа да почнат да го прават уште од денес. Без политизирање неопходно е да се отпочне со превземање на соодветни мерки со цел да се спречи губењето на статусот на градот во УНЕСКО.

Ако не се отпочне веднаш ќе стане очигледно дека и Охрид и Македонија имаат една и единствена дивоградба која го уништува угледот на државата. Тоа е владата на Зоран Заев, која мора што поскоро да се сруши на избори за да се врати достоинството и на Охриѓани и на сите граѓани на Македонија“, изјави Ане Лашкоска, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година