(ВИДЕО) Лашкоска до Николовски: Не ги лажете земјоделците дека ВМРО-ДПМНЕ е криво што не е решен откупот

Од:

Пратеничката Ане Лашкоска прашува до кога власта ќе ги манипулира земјоделците,особено со откупот на земјоделските производители.

„Ветувавте мед и млеко а ништо не исполнивте, хсос направивте. Имате проблем со откуп на речиси сите земјоделски производи. Дали ќе им помогнете на овоштарите како да се откупат 50.000 тони јаболка“, праша пратеничката Лашкоска.

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски одговори дека на тутунарите им биле исплатени 100 милиони евра. Зголемена била цената на грозје и извозот на вино, а црвената пиперка достигнала највисока цена.

„Паралелно ги решаваме проблемите од претходната власт. Во Ресен не ги обештетивте за штетите. Во 2017 година, исплативме 2 милиони денари за обештетување. Имавме средби со јаболкарите, целосно ќе им бидат исплатени до март субвенциите и премија од 3 денари. За неоткупено јаболко, заеднички ќе ја дефинираме мерката. 45.000 тони јаболко се откупени оваа година. За остатокот што не откупен, а е индустриско јаболко, се работи на изнаоѓање мерки. Се трудиме да обезбедиме пласман на јаболката во Египет. Побарано е сортно јаболко, па ќе се обидеме да ги насочиме производителите да се преоријентираат кон производството на бараните сорти“, рече Николовски.

Лашкоска не беше задоволна од одговорот и порача да престанат со изговори дека ВМРО-ДПМНЕ е виновно за се.

„Поважно ви е шетањето по светските дестинации,отколку решавањето на проблемите на земјоделците. Наместо да ги лажете земјоделците, подобро со министерот за екологија да организирате депонии каде земјоделците ќе ги фрлат скапаните производи“, заклучи Лашкоска.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Пешевска: Според укажувањата на стоматолози актуелниот претседател на стоматолошка комора Маријан Денковски ја има узурпирано комората

Ана Ололовска

Спасовски: Од 2017 до денес сите бонус плати се исплатени, следната е во јуни

Ана Ололовска

Јаревски до Бочварски: Си потпишал договор за коридорите со празни ставки или кои дополнително ќе бидат договорени, за тоа кривично се одговара

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачки до Ковачевски: Дали ќе го разрешите Милошевски како еден од одговорните за случајот со Онишченко

Ана Ололовска

Ковачевски: Екстра профитот направен од компаниите во време на криза е предмет на иницијатива за праведно даночење

Ана Ололовска

Ковачевски: Историското покачување на платите во образованието мора да значи и подобри резултати во работата

Ана Ололовска