Лашкоска: Ако бевме нормална држава причините за разрешување на замениците министри требаше да бидат неуспесите, а не партиското пазарење

Од:

Ако бевме нормална држава причините за разрешување на замениците министри требаше да бидат разрешени поради неуспесите, а не пазарењето. Или како резултат на тоа што Ковачевски Алтернатива ја размени со Алијанса за Албанците, бидејќи со нив мислеше ќе има поголемо мнозинство, но видовме што се случи, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска на денешната дебата за разрешување на замениците министри.
Лашкоска укажа дека и покрај низата проблеми во образованието никој ништо не спомнува за надминување на истите.

„Како Зоран Заев кој беше прв човек на советот за реформа на правосудство, така и Димитар Ковачевски се назначи за прв човек на совет за унапредување на образованието тело кое се формираше по скандалот со учебниците во октомври минатата година. Овој совет остана само на хартија зошто нема никаков напредок, учениците немаат учебници, не се знае дали се проверува содржината за да не се случи скандалот како со учебникот по историја. Им дадоа насока на училиштата да се работи онлајн кога има дојава за бомби, власта ни тоа не го спомнува, а денес има пак дојави за бомби. Нема прецизни насоки како да се работи онлајн“, рече Лашкоска.

Лашкоска укажа дека Ковачевски должи многу одговори, но оти сега она што треба да го направи е да замине од функцијата и да има избори.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги