Ларвицидна дезинсекција во општина Гевгелија

Од:

Акција за уништување на ларви од комарци, односно ларвицидна дезинсекција на местата каде има стоечка вода започна денеска во општина Гевгелија.

Претставници од компанијата „Зотокс“, која спроведува дезинсекција, информираат дека ова е првата мерка за заштита од комарци која предвидува ставање таблети против ларвите од комарци во сите места со стоечка вода лоцирани покрај реката Вардар и дека во претстојниот период на територијата на општината се предвидени и две авионски прскања против комарци.

Покрај ова, денеска почна и дератизацијата за сузбивање и намалување на штетните глодари. Во акцијата ќе се користат специјални препарати против глодари кои ќе бидат поставени во повеќе од 1.800 шахти од фекалната и атмосферската канализација на територијата на општина Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Гевгелиски банкар од двајца клиенти украде пет милиони денари и над 63.000 евра

Горан Наумовски

Кај грчката граница откриени мигранти од Виетнам, уапсен e шверцерот

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција и реализација на ветената експанзија

А1он

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци