Лански украси висат низ Скопје, Шилегов потрошил 200.000 евра, но тврди дека исто толку и заштедил

Од:

За новогодишното украсување на Скопје годинава, градоначалникот Петре Шилегов вели дека се потрошени 200.000 евра, но во исто време тврди дека Градот заштедил исто толку пари, на останати трошоци. Тој тврди дека уште на старт го намалил новогодишниот буџет, а годинава Градот ќе ги нема и трошоците за „Винтерленд“ кој нема да се организира поради мерките за заштита од коронавирус.

„За разлика од другите години, скративме можеби повеќе од половина на средствата што сме ги трошеле и што градот традиционално ги трошел. И тие контроверзии дали треба да се скрати буџетот, тој беше скратен во старт. Јас бев свесен уште во септември, кога ја распишавме постапката за новогодишното украсување, уште тогаш за самото украсување имавме 30 проценти намалување на цената. Кога ќе ги додадете и трошоците за ’Винтерленд’ излегува дека оваа година потрошивме 200.000 евра за украсување на градот ама заштедивме околу 200.000 евра за останатите трошоци, што значи на половина се некаде средствата“, вели градоначалникот Шилегов.

„Линк Медиа Плус“ годинава го украсува Скопје за 243 илјади евра со украси кои и лани висеа на улиците

На градските улици веќе се поставени чадори, бастуни, топки и тунели со кои и лани беше украсено Скопје, а дел од украсите пак ги имаше и претходните години. Службата за односи со јавност на градоначалникот на Скопје не одговори на прашањето од „А1он“ зошто на улиците повторно се ланските украси и дали тоа ќе влијае на намалување на цената на годинашното украсување.

Според објавениот договор на Бирото за јавни набавки, Град Скопје, по потрошените 200.000 евра, има уште пари за трошење за новогодишно украсување. Договорот со украсувачите „Линк Медиа Плус“ е склучен на 243 илјади евра. Истата фирма лани, кога имаше и нови украси, го украси Скопје за рекордни 285 илјади евра, во 2018 година украсувала за 259 илјади евра, а во 2017 за новогодишно украсување беа потрошени 195 илјади евра.

Опозицијата, но и голем број граѓани, го повикаа градоначалникот да се откаже од новогодишно украсување, а парите да ги пренамени за опрема на учениците кои немаат услови за следење на онлајн наставата или да ги намени за заштита од Ковид – 19, но тој одлучи да украсува.

„Јас навистина сметам дека во ова тешко време во кое што живееме, во ова ненормално време во кое живееме, Новата година, новогодишните празници, желбите за поубаво утре, желбите за добро здравје, желбите за мир, среќа, благосостојба наша, на нашите блиски и познати и непознати е едноставно нешто што сум должен да го овозможам на нашите сограѓани, на скопјани, а очигледно и на граѓаните на нашата држава, Република Северна Македонија“, рече градоначалникот Шилегов откако светнаа светилките на 20 – метарската елка на Плоштад Македонија.

Изминативе десетина дена тој објаснуваше дека Град Скопје нема обврска да ги пренамени парите од новогодишното украсување за таблети и опрема за учениците оти сите средношколци, надлежност на Град Скопје, имале опрема за следење на наставата, а од помош во опрема немал ниту здравствениот систем.

Би можело да ве интересира

Советот на Град Скопје побара да продолжат разговорите со Владата за нормализирање на состојбите во градот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчева: Добро е што Владата прифати една мерка на СДСМ, Советот на Скопје да ги поддржи сите три

Вонредна седница на Советот на Град Скопје: Од утре Скопје ќе има автобуски превоз

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Само 30 автобуси на ЈСП возат низ Скопје

Катерина Ѓуровски