А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Лани во земјава 7432 новозаболени од дијабетес

by А1он12/11/2021 - 15:00151
Share0

Во Македонија во 2020 година имало 7432 новозаболени од дијабетес. Новите бројки на Меѓународната федерација за дијабетес откриваат алармантен раст на застапеноста на дијабетесот. Вкупно 537 милиони возрасни луѓе ширум светот живеат со дијабетес.

Добивај вести на вибер

Ова го покажуваат бројките на Државниот завод за статистика што ги објави во пресрет на Светскиот ден на дијабетесот, 14 Ноември.

Во земјава минатата година 1365 луѓе починале од дијабетес мелитус.

Дијабетесот е значаен глобален предизвик за здравјето и благосостојбата на луѓето, семејствата и земјите.

Владите мора да ги преточат зборовите во дела за да овозможат достапен и непрекинат пристап до грижа за дијабетесот за сите луѓе на кои им е потребна и да помогнат во спречување на состојбата кај луѓето со висок ризик.

Се предвидува дека 643 милиони возрасни луѓе во светот ќе живеат со дијабетес до 2030 година, покажуваат предвидувањата.

Речиси едно до две возрасни лица кои живеат со дијабетес не се дијагностицирани.

Се проценува дека 6,7 милиони возрасни луѓе починале поради дијабетес или неговите компликации во 2021 година.

Kако земја и како подрачје со 11,2 проценти заболени, влегуваме во групата држави со висока преваленца на дијабетес. Тоа е повеќе од алармантен показател за една динамична прогресија на оваа здравствена состојба. Потребни се системи на континуирано следење на гликемијата и нивна достапност за поголем број на пациенти, изјави денеска Димче Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија на Форумот за одбележување на Светскиот ден на дијабетесот – 14-ти Ноември, насловен „Што не сторивме против Дијабетесот?“, што денеска се одржа во Скопје.

Во рамки на настанот, Министерството за здравство и Сојузот на дијабетичари потпишаа Меморандум за соработка, а беа одбележани и јубилеите „Сто години инсулин“ и „20 години Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија“.

dijabetes

Би можело да ве интересира

Над половина милијарда лица со дијабетес во светот – Македонија со речиси 141 илјада случаи, една третина остануваат недијагностицирани

Катерина Ѓуровски14/11/2025 - 10:28

Оваа година е најтешка за нас велат дијабетичарите

Катерина Ѓуровски14/11/2023 - 13:44

Протест на здруженијата на дијабетичари: Да се смени моделот на набавки за да нема доцнења

Катерина Ѓуровски21/07/2023 - 21:30

Лицата со дијабетес сè уште чекаат на сензорите за безболно мерење гликемија

Катерина Ѓуровски18/07/2021 - 09:3118/07/2021 - 09:45

Здруженијата на дијабетичари бараат итно решавање на проблемот со недостиг на инсулин

Ана Ололовска09/12/2020 - 14:3210/12/2020 - 00:05

Сојузот на здруженија на дијабетичари бара непречено функционирање на Центрите за дијабетес

Ана Ололовска20/11/2020 - 09:40
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен